Зошто ми треба сметка на Google™?
Вашиот уред Xperia™ од Sony работи на платформата Android™ развиена од Google™. При
купувањето на уредот, достапни ви се одредени апликации и услуги на Google™, како на пример,
Gmail™, Google Maps™, YouTube™ и апликацијата Play Store™, која ви дава пристап до
електронската продавница на Google Play™ за преземање апликации на Android™. За најдобро да
ги искористите овие услуги, ви треба сметка на Google™. Сметката на Google™ ќе ви овозможи да
ги правите следниве работи:
•
Да преземате и инсталирате апликации од Google Play™.
•
Да ги синхронизирате е-поштата, контактите и календарот со помош на Gmail™.
•
Да разговарате со пријателите со помош на апликацијата Duo™
•
Да ја синхронизирате вашата историја на пребарување и обележувачите со користење на веб-
пребарувачот Google Chrome™.
•
Да се идентификувате како овластен корисник по поправка на софтверот со помош на Xperia™
Companion.
•
Далечински да го пронајдете, заклучите или избришете изгубениот или украдениот уред со помош
на услугите my Xperia™ или Android™ Device Manager.
За повеќе информации за Android™ и Google™, појдете на http://support.google.com.
Од клучно значење е да го запаметите корисничкото име и лозинката од сметката на
Google™. Во некои ситуации, можеби ќе треба да се идентификувате со користење на
сметката на Google™ од безбедносни причини. Ако не ги дадете корисничкото име и
лозинката за Google™ во такви ситуации, вашиот уред се заклучува. Исто така, ако имате
повеќе сметки на Google™, погрижете се да ги внесете деталите за релевантната сметка.
10
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Поставување сметка на Google™ во уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Сметки и синхронизирање > Додај сметка
> Google.
3
Следете го волшебникот за регистрација за да креирате сметка на Google™ или пријавете
се доколку веќе имате сметка.
Може и да се пријавите или да креирате сметка на Google™ од упатството за
поставување кога првпат ќе го вклучите уредот. Или може да појдете на интернет и да
креирате сметка на www.google.com/accounts.
Отстранување сметка на Google™
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхронизирање > Google.
3
Одберете ја сметката на Google™ што сакате да ја отстраните.
4
Допрете > Отстрани сметка.
5
Допрете Отстрани сметка повторно за да потврдите.
Ако ја отстраните вашата сметка на Google™, сите безбедносни функции што се поврзани
со неа нема повеќе да бидат достапни.
11
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.