Sony Xperia XA1 Dual SIM - Составување

background image

Составување

Уредот поддржува само нано SIM-картички. Нано SIM-картичките и мемориската картичка имаат
одделни отвори во истиот уред. Внимавајте да не ги помешате.

За да не ги изгубите податоците, исклучете го уредот или отстранете ја мемориската
картичка пред да го извлечете држачот за да ја извадите нано SIM-картичката (или
картичките) или мемориската картичка од уредот.

8

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Вметнување две нано SIM-картички и мемориска картичка

Не сечете ги SIM-картичките, на пример со нож или ножици, бидејќи тоа може да го
оштети уредот.

1

Извлечете го држачот на нано SIM-картичката со помош на нокотот од прстот.

2

Цврсто поставете ја примарната SIM-картичка (SIM 1) во точната ориентација во
местоположба (1), како што е покажано на илустрацијата.

3

Цврсто поставете ја дополнителната SIM-картичка (SIM 2) во точната ориентација во
местоположба (2), како што е покажано на илустрацијата.

4

Вметнете ја мемориската картичка во точната ориентација во отворот за мемориска
картичка, како што е покажано на илустрацијата.

5

Нежно турнете го држачот кон отворот додека не се намести.

Отстранување на нано SIM-картичката

1

Со екранот свртен надолу, извлечете го држачот на нано SIM-картичката со нокотот.

2

Отстранете ја нано SIM-картичката, па нежно турнете го држачот кон отворот додека не се
намести.

Отстранување на мемориската картичката

1

Исклучете го уредот.

2

Свртете го уредот надолу и извлечете го капакот на држачот за нано SIM-картичка.

3

Нежно турнете и отстранете ја мемориската картичка, а потоа нежно турнете го држачот
кон отворот додека не се намести.