Подобрување на излезниот звук
Може да му го подобрите звукот на уредот со рачно вклучување на одделните поставки за звукот,
како што се еквилајзер и опкружувачки звук. Може да го вклучите динамичкиот нормализатор за да
ги минимизирате разликите во јачината на звукот помеѓу песните или видеата. Може и да му го
подобрите квалитетот на компримираните музички датотеки за да слушате квалитетно аудио со
висока резолуција при користење поврзани слушалки.
Автоматско подобрување на излезниот звук
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Аудио поставки.
3
Допрете го лизгачот за да ја вклучите функцијата ClearAudio+.
66
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Рачно прилагодување на поставките за звукот
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Аудио поставки.
3
Ако е вклучена функцијата ClearAudio+, допрете го лизгачот за да ја исклучите.
4
Допрете Звучни ефекти > Еквилајзер.
5
Прилагодете ги поставките за звукот со влечење на копчињата за фреквентниот опсег
нагоре или надолу.
Рачното прилагодување на поставките на излезниот звук не влијае врз апликациите за
гласовна комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на звукот на гласовниот
повик.
Минимизирање на разликите во јачината на звукот со помош на динамичното
балансирање
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Аудио поставки.
3
Допрете го лизгачот за да ја вклучите функцијата Динамично балансирање.