Sony Xperia XA1 Dual SIM - Поставки за јачина на звук

background image

Поставки за јачина на звук

Можете да ја прилагодувате јачината на тонот на ѕвонење за дојдовните повици и известувањата
како и на репродукцијата на музика и видео.

Приспособување на јачината на звукот при ѕвонење со копчето за јачина на звук

Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.

Прилагодување на јачината на звукот при репродукција на медиуми со копчето за
јачина на звукот

Кога се репродуцира музика или гледате видео, притиснете го копчето за јачина на звукот
нагоре или надолу, дури и кога екранот е заклучен.

Вклучување режим на вибрирање

Притискајте го копчето за јачина на звукот нагоре или надолу додека не се појави

.

Прилагодување на нивоата за јачина на звукот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук.

3

Повлечете ги лизгачите за јачина на звукот до саканата положба.

Притиснете го копчето за јачина на звукот нагоре или надолу и допрете

за одделно да

ги прилагодите нивоата за јачина на звукот на тонот на ѕвонење, медиумската
репродукција или алармот.

59

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Поставување на уредот да вибрира за дојдовни повици

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук.

3

Допрете го лизгачот Вибрации и за повици за да ја вклучите функцијата.

Поставување тон на ѕвонење

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Тон на ѕвон. на телеф..

3

Одберете некоја опција од листата или допрете и одберете музичка датотека зачувана
во уредот.

4

За да потврдите, допрете Готово.

Одбирање звук за известување

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Стандарден тон на ѕвонење за
известување
.

3

Одберете некоја опција од листата или допрете и одберете музичка датотека зачувана
во уредот.

4

За да потврдите, допрете Готово.

Некои апликации имаат сопствени специфични звуци за известување коишто може да ги
одберете од нивните поставки.

Вклучување тонови при допир

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Други звуци.

3

Допрете ги лизгачите за да ги вклучите или исклучите различните тонови при допир по
желба.