Користење на уредот како паричник
Може да го користите вашиот уред за да плаќате за производите без да посегнете по вистинскиот
паричник и да управувате со сите платежни услуги на едно место. Кога вршите плаќање,
запомнете да ја вклучите функцијата NFC пред да го допрете вашиот уред до читачот на картички.
За повеќе информации за NFC, видете NFC на страницата 120.
NFC-плаќањата се поддржани само ако во отворот 1 за SIM-картичка вметнете SIM-
картичка со вклучен NFC. Покрај тоа, услугите за мобилно плаќање може да не се
достапни во вашиот регион.
Управување со платежните услуги
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Допрете и платете. Се појавува листа
на платежни услуги.
3
Управувајте со платежните услуги по ваша желба, на пример, може да ја промените
стандардната платежна услуга.
124
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.