Примање повици
Доколку примите дојдовен повик додека уредот е во режим на мирување или екранот е заклучен,
телефонската апликација се отвора преку целиот екран со SIM-икона што укажува за која SIM-
картичка е повикот. Доколку примите дојдовен повик додека екранот е активен, дојдовниот повик
се прикажува како лебдечко известување т.е. минимизиран прозорец што лебди брз отворениот
екран со SIM1 или SIM2 што укажува за која SIM-картичка е повикот. Кога ќе добиете такво
известување, може да изберете да одговорите на повикот и да го отворите екранот на
телефонската апликација, или пак да го одбиете повикот и да останете на тековниот екран.
Одговарање на повик кога екранот не е активен
•
Кога ќе пристигне повикот, повлечете го надесно.
Одговарање на дојдовен повик кога екранот е активен
•
Кога ќе добиете повик, во известувањето што ќе се појави во горниот дел од екранот,
допрете ОДГОВОР.
Наместо да одговорите на повикот, може да појдете до главниот екран на телефонската
апликација со допирање на прозорецот за известување. На овој начин имате повеќе
опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите да го одбиете повикот со
порака.
Одбивање повик кога екранот не е активен
•
Кога ќе пристигне повикот, повлечете го налево.
Одбивање повик кога екранот е активен
•
Кога ќе добиете повик, во известувањето што ќе се појави во горниот дел од екранот,
допрете ОДБИЈ.
Наместо да го одбиете повикот, може да појдете до главниот екран на телефонската
апликација со допирање на прозорецот за известување. На овој начин имате повеќе
72
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите да го одбиете повикот со
порака .
За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик
•
Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.
Одбивање повик со текстуална порака
Може да одбиете повик со текстуална порака што автоматски му се испраќа на повикувачот и се
зачувува во разговорот со пораки за контактот.
Може да одберете од однапред дефинираните пораки достапни на уредот или да креирате нова
порака. Може и да креирате свои персонализирани пораки со уредување на однапред
дефинираните.
Одбивање повик со текстуална порака кога екранот не е активен
1
Кога ќе пристигне дојдовниот повик, допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.
2
Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.
Одбивање повик со текстуална порака кога екранот е активен
1
Кога ќе добиете дојдовен повик, допрете го прозорецот за известување каде што се
прикажува телефонскиот број или името на контактот.
2
Допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.
3
Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.
Одбивање втор повик со текстуална порака
1
Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повикот, допрете ОПЦИИ ЗА
ОДГОВОР.
2
Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.
Уредување на текстуалната порака за одбивање повик
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повици, изберете SIM-картичка, па допрете Одбиј
повик со порака.
3
Допрете ја пораката што сакате да ја уредите, а потоа направете ги неопходните промени.
4
Допрете OK.