
Прикажување датотеки на друг уред со помош на Cast
Може да пренесувате мултимедијална содржина од вашиот уред на друг уред поврзан на истата
Wi-Fi мрежа. Приемниот уред мора да може да функционира како прикажувач на дигитални
медиуми (DMR) и да репродуцира содржина примена од вашиот уред. ТВ-приемник или компјутер
со Windows® 7 или понова верзија се примери за уреди DMR.
Прикажување фотографии или видеа на клиентски уред со помош на Cast
1
Проверете дали правилно е поставен уредот со DMR клиент и дали е поврзан со истата
Wi-Fi мрежа како и вашиот уред.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Албум.
4
Пребарајте ги и отворете ги фотографиите или видеата што сакате да ги прегледате.
5
Поминете на лентата за статус со два прста надолу, па допрете и одберете го уредот
со којшто ќе ја споделите содржината.
6
За да престанете со споделување на фотографијата или видеото со клиентскиот уред,
допрете и потоа одберете Запри го емитувањето.
Кога ќе допрете на
, во листата може да ги видите прикажани и уредите на Google
Cast.
118
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Репродуцирање песна на клиентски уред со користење на Cast
1
Проверете дали правилно е поставен уредот со DMR клиент и дали е поврзан со истата
Wi-Fi мрежа како и вашиот уред.
2
Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .
3
Одберете музичка категорија и пребарајте ја песната што сакате да ја споделите, па
допрете ја.
4
Допрете и одберете клиентски уред за да ја споделите содржината. Песната ќе почне
да се репродуцира на уредот што ќе го одберете.
5
За да се исклучите од клиентскиот уред, допрете и одберете Запри го
емитувањето.
Кога ќе допрете на
, во листата може да ги видите прикажани и уредите на Google
Cast.