Sony Xperia XA1 Dual SIM - Читање и испраќање пораки

background image

Читање и испраќање пораки

Апликацијата Пораки ги прикажува пораките како разговори, што значи дека сите пораки до и од
определено лице се групирани заедно.

Бројот на знаци што може да се испратат во една порака зависи од операторот и јазикот
што го користите. Максималната големина на една мултимедијална порака, во која е
вклучена и големината на додадените медиумски датотеки, исто така зависи од
операторот. Контактирајте со својот мрежен оператор за повеќе информации.

1

Вратете се на листата на разговори

2

Повикајте го испраќачот на пораката

3

Прегледајте повеќе опции

4

Испратени и примени пораки

5

Испратете комплетирана порака

6

Додајте прилози

Креирање и испраќање пораки

1

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .

2

Допрете .

3

Внесете го името или телефонскиот број на примачот, па одберете од предлозите што ќе
се појават. Доколку примачот не е во списокот со контакти, внесете го неговиот број рачно.

4

Доколку сакате да испратите групна порака, повторете ја гореопишаната процедура за
додавање повеќе примачи.

5

Допрете Напишете порака и внесете го текстот на пораката.

6

Доколку сакате да додадете прилог, одберете ја соодветната опција.

7

За да ја испратите пораката, допрете на кое било од копчињата во зависност од тоа која
SIM-картичка сакате да ја користите.

Доколку излезете од пораката пред да ја испратите, таа ќе се зачува како нацрт.
Разговорот ќе биде означен со зборот Скица.

Читање примена порака

1

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .

2

Допрете го саканиот разговор.

3

Ако пораката сè уште не е преземена, допрете ја.

Сите примени пораки се зачувуваат стандардно во меморијата на уредот.

85

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Одговарање на пораките

1

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .

2

Допрете го разговорот со пораката.

3

Внесете го одговорот и допрете на кое било од копчињата во зависност од тоа која SIM-
картичка сакате да ја користите.

Препраќање пораки

1

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .

2

Допрете го разговорот со пораката што сакате да ја препратите.

3

Допрете ја и држете ја пораката што сакате да ја препратите, а потоа допрете Препрати
порака
.

4

Внесете го името или телефонскиот број на примачот, па одберете од предлозите што ќе
се појават. Доколку примачот не е во списокот со контакти, внесете го неговиот број рачно.

5

Уредете ја пораката доколку е потребно, а потоа допрете на кое било од копчињата во
зависност од тоа која SIM-картичка сакате да ја користите.

Зачувување на датотеката што се содржи во примената порака

1

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .

2

Ако пораката сè уште не е преземена, допрете ја.

3

Допрете ја и држете ја датотеката што сакате да ја зачувате, а потоа одберете ја саканата
опција.