Sony Xperia XA1 Dual SIM - TalkBack

background image

TalkBack

TalkBack е услуга за екрански читач за корисниците со оштетен вид. TalkBack користи говорни
повратни информации за опишување на настаните и дејствата извршени на Android уредот.
TalkBack го опишува корисничкиот интерфејс и ги чита на глас софтверските грешки,
известувањата и пораките.

Вклучување на TalkBack

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Пристапност > TalkBack.

3

Допрете го лизгачот под TalkBack и потоа допрете ОК.

За да ги промените претпочитаните вредности за говорот, повратните информации и
допирот за TalkBack, допрете Поставки потоа допрете на екранот двапати.

TalkBack активира упатство веднаш откако ќе ја вклучите функцијата. За да излезете од
упатството, допрете и потоа допрете го екранот двапати.

Исклучување на TalkBack

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете каде било на екранот двапати.

2

Пронајдете и допрете Поставки, а потоа допрете каде било на екранот двапати.

3

Пронајдете и допрете Пристапност со лизгање низ списокот со два прста или повеќе, а
потоа допрете каде било на екранот двапати.

4

Пронајдете и допрете TalkBack со лизгање низ списокот со два прста или повеќе, а потоа
допрете каде било на екранот двапати.

5

Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување и потоа допрете каде било на
екранот двапати.

6

Допрете OK и потоа допрете каде било на екранот двапати.