Sony Xperia XA1 Dual SIM - Криење фотографии и видеа

background image

Криење фотографии и видеа

Може да ги скриете сите фотографии и видеа од почетниот екран на Албум. Штом фотографиите и
видеата се скриени од почетниот екран на Албум, ќе може да се видат само од папката Скриени.

Криење фотографија или видео

1

Во албумот, пронајдете ги и допрете ги фотографијата или видеото што сакате да ги
скриете.

2

Допрете го екранот за да се прикажат алатниците, потоа допрете .

3

Допрете Скриј > ОК.

Прегледување на скриените фотографии и видеа

1

Допрете , потоа допрете Скриени во албумот.

2

Допрете фотографија или видео за прегледување.

3

Потчукнете налево за прегледување на следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за прегледување на претходната фотографија или видео.

Откривање фотографија или видео

1

Допрете , потоа допрете Скриени во албумот.

2

Допрете на фотографијата или видеото што сакате да се открие.

3

Допрете го екранот за да се прикажат алатниците, потоа допрете .

4

Допрете Не сокривај.